Skip to content
Актуелно(https://reactor.org.mk/актуелно)
Заклучоци од тркалезна маса: Патеки на грижа за менталното здравје на мајките
На 1 јуни, во склоп на конференцијата: „Мајчиното ментално здравје како приоритет: Од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“(https://reactor.org.mk/%d0%bc%d0%b0%d1%98%d1%87%d0%b8%d0%bd%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%be-%d0%b7%d0%b4%d1%80%d0%b0%d0%b2%d1%98%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d1%84%d0%be%d0%ba%d1%83%d1%81-%d0%bf/), организирана од Здружението ЕСЕ во соработка со Реактор – Истражување во акција, Реактор одржа тркалезна маса насловена „Патеки на грижа за менталното здравје на мајките“.
Говорници на овој панел беа: Ирена Жунгулова, Психолариум, Габриела Маџоска Лазарова, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Жаклина Гештаковска Алексовска, УНФПА, и Нада Тофоска, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.
Во рамките на дискусијата говорниците ја нагласија потребата перинаталното ментално здравје да се препознае како прашање што ги надминува рамките на здравствениот систем и бара координиран, мултисекторски пристап. Беше истакнато дека благосостојбата на мајките е тесно поврзана со поддршката што ја добиваат од партнерите, семејството, заедницата, институциите и работната средина, поради што е неопходно развивање на систем кој ќе обезбеди навремена, достапна и континуирана поддршка во текот на бременоста и по породувањето.
Жунгулова од Психолариум, кој во рамки на проектот ги водеше групите за поддршка на мајки, се осврна на тоа дека групната поддршка им овозможува на жените да поминуваат низ истите предизвици заедно, во истиот општествен и современ контекст. Таа додаде дека учеството во групи за поддршка ја намалува изолацијата и го зголемува чувството на припадност, се развиваат емпатија, солидарност и похумани односи во заедницата. Во оваа насока, ја нагласи и потребата од поголема едукација на партнерите и поширокото семејство за да можат поефективно да ги поддржат мајките, бидејќи грижата треба да се споделува, а капацитетите за поддршка да се развиваат на ниво на целото семејство. Зборувајќи за транзицијата при враќањето на работа, таа спомена дека многу жени чувствуваат вина при враќањето на работа, и е потребно е време идентитетот на мајка да се интегрира во останатите животни улоги и секојдневни обврски. Во оваа насока, се нагласи потребата од психолошка поддршка на работното место како дел од грижата за благосостојбата на вработените.
Дополнително, во дискусијата беше нагласено дека за унапредување на перинаталното ментално здравје се потребни поголеми инвестиции во услуги за психолошка и психосоцијална поддршка, развој на програми за психоедукација на семејствата, јакнење на улогата на социјалните работници и подобра координација помеѓу здравствениот и социјалниот систем. Во оваа насока, беше истакната и важноста од развој на родово одговорни семејни политики, поголема вклученост на приватниот сектор преку креирање на родово одговорни и семејно ориентирани политии во рамки на компаниите, подобрување на услугите за грижа за деца и интегрирање на прашањата за менталното здравје на мајките во пошироките демографски и социјални политики. Учесниците се согласија дека поддршката на мајките не е само индивидуално или семејно прашање, туку предуслов за здрави семејства, подобар развој на децата и поотпорно општество.
Маџоска Лазарова нагласи дека институциите имаат обврска да обезбедат навремена, достапна и квалитетна поддршка за жените,