Skip to content

Кои сме ние

За нас

Историја

Тим

Надворешни соработници

Донатори

Годишни извештаи

РЕАКТОР - Истражување во акција е независна истражувачка организација [think-tank] со седиште во Скопје, Северна Македонија. Нашите главни области на работа се родова еднаквост, млади и урбан развој.

Нашата работа е водена од визијата за родово, социјално, еколошки праведни општества, национално и глобално, каде луѓето можат да живеат слободен, достоинствен живот и активно да учествуваат во градење на праведно и одржливо општество.

Главниот фокус и основа на нашата работа се истражувањата. Земајќи го предвид недостаток на расположливи податоци во процесите на креирање политики на локално, национално и регионално ниво, една од нашите главни стратешки цели отсекогаш била обезбедување на релевантни, навремени и темелно истражени податоци со цел информирање на политичкиот процес во нашите целни области. Делуваме преку обезбедување навремени и релевантни истражувања, предлози за алтернативни политики основани на тие истражувања, застапување и активно работење со заедницата, граѓанските организации, академските институции и политичките актери. Придонесуваме кон процесите на креирање на политики на локално, национално и регионално ниво, преку истражувања, застапување, поттикнување на дебати и дискусии за прашања што се релевантни за македонските граѓанки и граѓани.

Историја

Почетоците на Реактор датираат во 2004 година, кога основачите на организацијата беа дел од проектот за обуки и развој на капацитетите на think tank организации, организирани од страна на European Stability Initiative (ESI) и Фондацијата отворено општество - Македонија (ФООМ). Организацијата е формално регистрирана во 2005 година како Здружение на граѓани. Во првите четири години работење, стратегијата за развој на организацијата беше да се зајакнат капацитетите за изведување истражувања со фокус на креирање на политики.

По оваа иницијална фаза и со диверзификација на изворите на финансирање за нашите активности, денес Реактор е независна истражувачка организација со утврдени области на истражување и посветен тим на истражувачки и истражувачи.

Транспарифај прави независен рејтинг на транспарентноста на тинк тенковите низ целиот свет, а Реактор го има највисокиот рејтинг од 5 ѕвезди за транспарентност уште од првото оценување во 2014 година, кога бевме единствени од 21 тинк тенк од целиот свет и единствени од Северна Македонија со рејтинг од 5 ѕвезди.

Тим

Тања Иванова Претседателка(https://reactor.org.mk/myteam-all/%d1%82%d0%b0%d1%9a%d0%b0-%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0/)

Филип Димчевски Финансиски менаџер(https://reactor.org.mk/myteam-all/filip-dimchevski/)

Тамара Ресавска Манчески Координаторка за комуникација и застапување(https://reactor.org.mk/myteam-all/%d1%82%d0%b0%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%b0%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b8/)