Skip to content

Актуелно(https://reactor.org.mk/актуелно)

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ШКОЛА ЗА ПРИКАЗНИ ШТО ОСТАВААТ ТРАГА

Реактор – Истражување во акција отвора повик за сите млади кои сакаат да истражуваат, да ги препознаат важните локални теми и да дадат глас на приказните што го отвораат патот кон позитивни промени во заедницата.

Оваа интерактивна програма нуди практичен простор каде учесниците ќе научат како идејата да ја претворат во силна, истражена и проверена приказна со вистински јавен интерес.

Низ практична работа и менторство со искусни истражувачи и раскажувачи, секој учесник ќе има можност да развие сопствена приказна – од првичната концепција, преку анализа на податоците и теренската реалност, сè до нејзино финално објавување.

Кој може да се пријави?

Повикот е отворен за млади луѓе на возраст од 18 до 30 години кои:

Бараме млади луѓе кои:

Сакаат да ги истражуваат и раскажуваат важните приказни што го засегаат општеството.

Имаат желба да научат како една идеја или локален проблем се претвора во истражена и влијателна приказна.

Се заинтересирани за темите што ги засегаат локалните заедници и секојдневниот живот на луѓето.

Сакаат да ги унапредат вештините за проверка на факти, критичко размислување и креативно раскажување.

Имаат желба да развијат и објават сопствена авторска приказна.

Особено ги охрабруваме да се пријават сите млади автори и авторки, студенти и студентки, креатори и креаторки на содржини, како и младите новинари и новинарки кои ги прават своите први чекори во раскажувањето.

Претходно професионално искуство не е задолжително. Љубопитноста, интересот за заедницата и желбата да поставуваш важни прашања се сосема доволни за да започнеш.

Што ќе научиш?

Програмата се состои од 6 тематски сесии и 2 менторски сесии , со комбинација на предавања, дискусии, практични вежби и работа на сопствена новинарска приказна.

Програма на Школата за приказни што оставаат трага

Школата ќе опфати 6 тематски сесии и 2 продукциски и менторски сесии, со комбинација од предавања, практични вежби, дискусии, работа во групи и индивидуална/мала групна менторска поддршка.

Сесија 1: Новинарство против корупцијата

Што значи новинарството како работа од јавен интерес? Што е корупција и како таа се појавува во секојдневниот живот – од непотизам и клиентелизам до институционално молчење?

Учесниците ќе разговараат за тоа како се препознаваат злоупотребата на јавните ресурси, конфликтот на интереси и неформалните мрежи на моќ и како овие теми можат да се истражуваат преку новинарска работа.

Сесија 2: Медиумски слободи и локално новинарство

Како финансиската и политичката зависност влијаат врз локалното новинарство? Со какви притисоци се соочуваат локалните новинари и медиуми и како се појавува самоцензурата?

Ќе разговараме и за злоупотребата на јавните средства, непотизмот и неформалните мрежи на моќ, како и за родовите аспекти на корупцијата и прашањето кој е исклучен од процесите на одлучување.

Сесија 3 : Проверка на факти и дезинформации

Како се шират дезинформациите и зошто стануваат влијателни? Како алгоритмите ги засилуваат информациите и каква улога имаат инфлуенсерите во создавањето и ширењето на „вести“?

Учесниците ќе се запознаат со основни алатки и техники за проверка на информации, изјави, фотографии и видеа, како и со можностите и ризиците од користењето на вештачката интелигенција како алатка и како извор на дезинформации.

Сесија 3: Од проблем до приказна

Како една тема или проблем се претвора во новинарска приказна? Што ја прави една приказна релевантна за јавноста и како се избира вистинскиот новинарски агол?

Учесниците ќе учат како да развијат пристап кој во центарот на известувањето ги има луѓето, како да изберат релевантни извори и како да избегнат сензационализам и нанесување штета.

Сесија 3.1: Етика и известување за чувствителни теми

Како одговорно да известуваме за злоупотреба на моќ, родова дискриминација, насилство и други чувствителни теми?

Ќе се обработат прашањата поврзани со заштитата на ранливите извори, согласноста и анонимноста, како и избегнувањето дополнителна трауматизација преку новинарското известување.