Skip to content

Актуелно(https://reactor.org.mk/актуелно)

Европскиот парламент го усвои Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2025 година

На вчерашната пленарна седница, Европскиот парламент го усвои Извештајот за Северна Македонија, во кој ја потврдува поддршката за европската интеграција на земјата, но истовремено укажува на потребата од поинтензивни реформи во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и заштитата на човековите права.

Во делот на родовата еднаквост, човековите и ЛГБТИК+ права, Европскиот парламент:

🔹 повикува на усвојување на Законот за родова еднаквост, Законот за работни односи и Законот за спречување и заштита од вознемирување на работното место , во согласност со европските стандарди, со што би се унапредил квалитетот на живот за жените и би се постигнал напредок во поглед на родовата еднаквост, особено во однос на нивната економска, политичка и општествена вклученост;

🔹 бара зајакнување на институционалната рамка за родова еднаквост, поефикасна заштита од родово-базирано и семејно насилство и обезбедување доволни ресурси за сервисите за поддршка на жртвите;

🔹 поздравува дел од законските измени што ја усогласија домашната регулатива со Истанбулската конвенција, вклучително и дефиницијата за силување заснована на согласност и признавањето на родово базираното насилство, како и криминализирање на споделувањето туѓи интимни содржини без согласност;